Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем кажа дека сите ја сакале победата во последниот натпревар на домашен терен.
„Каков начин да се простиме од Вајт Харт Лејн.. Многу ја сакавме победата за да се простиме од него. Зборував и претходно дека сакам да постигнам гол на тој натпревар и тоа се случи.“
Тотенхем го победи Јунајтед со 2:1 во 37-то коло во ПЛ и така на најдобар начин се простија од стадионот по 118 години.
Тотенхем го обезбеди со тоа второто место и сега има 80 бодови.
„Кога ќе ги погледнете бројот на бодови, тоа е слично на минатата година. Разочарани сме што останавме без титулата, но продолжуваме да раснеме.“
„Навивачите го заслужија ова, моравме да победиме поради нив. Беше тоа одлична сезона и се надевам дека ќе продолжиме да победуваме. Слушам како зборуваат дека не е добро за нас што ќе играме на Вембли. Но ќе направиме се за да се чувствуваат навивачите посебно.“