Може да остане во Арсенал, а ова е условот!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џек Вилшер е мета на Милан и најверојатно ќе замине од Арсенал ова лето.

Вилшер со Арсенал има договор до крајот на сезоната, но има опција да го продолжи договорот. Меѓутоа, Арсенал сака да му ја намали драстично платата.

Вилшер во моментов заработува 120.000 фунти неделно, но доколку сака да остане ќе мора да се согласи на помала плата, за која засега нема детали, но се претпоставува дека ќе изнесува од 60.000 до 80.000 фунти неделно.