Можеа да бидат браќата Бабунски, но ќе успеат ли овие два браќа да заиграат на спротивни страни во „Ел Класико“?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал планира трансфер што би можело да направи интересна ситуација во светскиот фудбал.

Двата браќа на различни страни во „Ел Класико“?

Делува неверојатно, некои очекуваа да бидат тоа судбините на Бабунски, Давид беше во Барселона, а Доријан во младите категории на Реал Мадрид.

Но од тоа најверојатно нема да има ништо.

Сепак, се споменува дека тоа е возможно, ако Баерн ја прифати понудата за Тиаго.

Тој од Барселона заедно со Гвардиола отиде во Баерн, а се зборуваше дека Пеп го сака во Сити, но сега се појави и Реал.

Тие сметаат дека Тиаго би можел да биде решение ако Крос замине.

Но Баерн ги постави условите, околу 80 милиони евра и тешко дека Реал ќе го плати тоа.

Но ако се случи таква работа, тогаш би можеле да ги гледаме Рафиња и Тиаго на спротивни страни.