Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Модриќ веќе во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид. Изминатите неколку месеци го поврзуваат со преминување во Интер.
Искусниот играч за врска е кандидат за освокување на Златната топка, а наводно не би имал ништо против да заигра во Италија.
Неговиот сонародник Филип Брадариќ кој го носи дресот на Каљари, прокоментира дека можно е доаѓање на Модриќ во Италија.
„Дали ќе го видиме Модриќ во Италија наредната сезона? Мораме да го прашаме Срна, тој е негов најдобар пријател, но се надевам на тоа, бидејќи тоа ќе биде голема работа за Серија А“, кажа Брадариќ, соиграчот на Срна.