До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ќе гледаме одлично финале во ФА-купот, откако Челси денеска се пласираше во финалето по победата против Саутемптон од 2-0.
Во првото полувреме освен пречката на Вилијан во седмата минута, немаше многу возбудувања, па на одморот заминаа екипите со 0-0.
Во вториот дел, Фабрегас испрати топка до Азар, кој ја додаде до Жиру, кој на магичен начин ги измами противниците и ја смести топката во нивната мрежа за 1-0.
Мората влезе во игра на местото на Жиру и веднаш по првиот контакт со топката, постигна гол за конечни 2-0.









