Мурињо доведува засилување од Челси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалскиот тренер, Жозе Мурињо најави неодамна дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да доведе барем едно засилување во овој преоден рок.

Раководството на Манчестер Јунајтед потврди дека Мурињо ја предал листата на фудбалери кои сака да ги види на Олд Трафорд. Она што му падна во очи на англиските медиуми е дека португалецот сака првото засилување да го доведе од Челси.

Познато е дека Мурињо минатата сезона доби отказ во лондонскиот клуб, а овој пат ќе се обиде на сините да му украде еден фудбалер. На мета на Јунајтед се наоѓа српскиот фудбалер, Немања Матиќ.

Мурињо е свесен дека Керик уште долго нема да игра и е решен да му најде замена. Португалецот го доведе Матиќ од Бенфика во Челси, а сега ќе се обиде да го наговори овој фудбалер да дојде во Јунајтед.