Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо донел одлука околу иднината на „Олд Трафорд“.
Според медиумите, Португалецот прифатил понуда на Јунајтед за нов договор и во наредниот период ќе потпише продолжување на соработката.
Актуелниот договор на 54-годишниот тренер му важи до 2019 година, а се поврзуваше со ПСЖ.
„Ќе заминам од клубот, кога тие ќе го посакаат тоа. Јас не одам никаде и ќе останам тука.“
Новиот договор би требало да го задржи до 2021 година, а годишна плата би требало да му изнесува повеќе од 15 милиони фунти.