„Мурињо ми ја направи убава кариерата“


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Бранислав Ивановиќ по напуштањето на Челси откри кој тренер му ја разубавил кариерата.

Српскиот играч во Челси помина 8 и пол сезони и во тој период соработуваше со 7 тренери, меѓутоа еден посебно издвои, а тоа е Мурињо.

„Кога стигнав во Англија не играв многу, но имав голема поддршка од Грант кој ми рече дека ќе дојде моето време. Шанса ми даваше Хидинк, а Анчелоти ми помагаше да направам чекор напред додека Вилаш-Боаш ме научи да го разбирам фудбалот. Имав одличен однос и со Ди Матео, со Бенитез ја осови ЛЕ,а  со Мурињо направив најголем напредок. Тоа ми беа најдобрите години.“

Ивановиќ имаше само пофали зборови за тренерот на Јунајтед.

„Го викаат Посебниот затоа што тој е навистина тоа. Ако победиш, самодовербата е неограничена. Го извлекува најдоброто од тебе, а ти не сис весен за тоа. Со него не можеш да бидеш неутрален, или го сакаш или го мразиш.“

Челси се согласи да го пушти Ивановиќ во Зенит, а тој потпиша договор на 2 и пол години.