Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо по катастрофата против Дерби Каунти и елиминацијата од Карабао купот се осврна на односите со Пол Погба.
Завчера во јавноста излезе информација дека Мурињо одлучил Погба повеќе да не биде втор капитен на Манчестер Јунајтед, а истата вест по натпреварот со Дерби ја потврди и Мурињо.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, на кого очигледно му гори под нозете истакна дека нема проблем со Погба, но дека решил тој повеќе да не биде втор капитен на тимот.
Медиумите во Англија шпекулираат дека Мурињо се одлучил на овој чекор затоа што Французинот јасно му ставил до знаење дека сака да се пресели во редовите на Барселона.