Мурињо се предаде: Сити е шампион, тука нема дилеми!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо тврди дека трката за шампионската титула во Англија е неверојатно завршена.

Градскиот ривал Сити веќе 15 бодови е пред Јунајтед. Титулата во ПЛ е блиску до „Итихад“, а Мурињо верува дека Гвардила е многу блиску до трофејот во ПЛ.

„Им оди добро и не дозволуваат никој да им се доближи. Титулата им е скоро освоена. Остана трката за останатите позиции. Сити е напред, тргнаа жестоко во сезоната, па дури и победуваа кога не заслужија. Морам да признаам, тие беа доминантни оваа сезона“, вели Мурињо.