На играчите им ги забрани слободните денови, а веднаш стигнаа и резултатите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Хал Сити, Марко Силва на своите играчи не им даде слободни денови додека не помине „вондредната ситуација“.

Хал се бори за опстанок, но по бодот во Манчестер и победата против Ливерпул, ситуацијата изгледа многу подобро за нив.

Силва поради тоа е среќен, но тврди дека играчите нема да добијат слободни денови додека клубот не излезе од опасната зона.

„Работите не одат најдобро оваа сезона, но тој дојде да не спаси. За почеток ни рече дека немаме слободни денови, а сега кога ќе ги видите резултатите, сфаќате дека бил во право.“

„Но, тоа не е проблем. Играчите се среќни секој ден, работиме напорно, многу учиме и сигурни сме дека Силва учи од нас затоа што ова му е прва работа во ПЛ. Се надевам дека на крајот ќе прославиме сите заедно. Веруваме во него.“