Навивачите на Јунајтед го пронајдоа виновникот: Во игра веројатно беше неговиот брат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер Јунајтед најдоа виновник за поразот од Манчестер Сити во големото дерби.

Манчестер Сити прочита лекција по фудбал на својот голем ривал кој вложи речиси милијарда фунти во три преодни рокови, па сега навивачите на Јунајтед бараат виновник за овој пораз.

И го пронајдоа во најскапиот фудбалер на денешницата Пол Погба кој денеска не се виде на теренот. Ни во еден напад не го направи она за што е доведен и за што управата вложи 110 милиони евра.

Поточно на Твитер и останатите друштвени мрежи популарни во Англија, навивачите се огорчени од настапот, а ние ќе ви  споделиме некои од најпопуларните:

„На позиција централен играч за врска, покорисен ни е Дани Дринквокер во однос на Пол Погба моментално“.

„Дали Погба игра лошо, или игра на погрешна позиција, или можеби и двете?!“.

„Пол Погба е обичен џокер. Не е невозможно неговиот брат Матиас да играше денеска“.