Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Рафаел Надал го победи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето во Рим и сега нивната разлика во меѓусебните дуели изнесува една победа плус за Ѓоковиќ.
Надал изјави дека Ѓоковиќ го одиграл најдобриот турнир оваа година.
„ Се врати од повредата, но сигурно може да биде на највисоко ниво, доколку тоа го сака. Одличен играч е за да не се случи тоа.
Гледав неколку негови мечеви оваа година и мислам дека ова му е најдобра недела. Подготвен за Ролан Гарос.“ – изјави Шпанецот.
Со триумфот над Зверев, Рафа би се вратил на повторно на првото место на АТП – листата.
Финалето започнува во 16:00 часот, и не треба да се заборави дека Рафа никогаш не изгубил меч од Зверев.