Најдобриот роденденски подарок за Сари! Стигнуваат три засилувања за „Скудетото“!

Наполи ја почуствува шансата, па тие ќе добијат три засилувања оваа зима, доволно за да се бори тимот на Наполи против Јувентус за титулата.

Сари денес наполни 59 години, а Наполи му подготвува неверојатен подарок.

Де Лаурентис ги послуша желбите на неговиот тренер и ќе го засили тимот со неколку фудбалери. Во нападот тимот треба да го донесе Каспер Долберг, младата ѕвезда на Ајакс кој е класичен напаѓч.

Испратена е и понуда до Болоња за Верди од 25 милиони, но фудбалерот размислува, затоа што верува дека нема да биде стандарден.

Наполи е заинтересиран и за Деулофеу, а нема сомнеж дека ќе биде големо засилување во редот за врска. Ако не пристигне Шпанецот, тогаш изборот останува на Јунес кој е многу расположен да се пресели во Серија А.