Најтрагична судбина во модерната фудбалска историја


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Една од најголемите трагедии која ја видовме во модерниот фудбал се случи пред повеќе од 7 години, поточно на 10 ноември 2009 година.

Бундеслигата тој ден беше во жалост. Роберт Енке, германскиот репрезентативец и голман на Хановер изврши самоубиство во 32-та година од животот.

По голем број шпекулации, потврдено беше дека тој водел повеќе-годишна борба со депресијата. И на крајот изгуби…

Професионалната кариера ја започна во 1995 година во родниот град, а настапуваше за Карл Заис Јен. Година подоцна потпиша за Борусија Менхенгладбах, каде остана 3 години.

Потоа ја чуваше мрежата на Бенфика од 1999 до 2002 година, а престојуваше на позајмица и во Фенербахче, Тенерифе. Го носеше и дресот на Барселона. Во Германија се врати во 2004 година и тоа во Хановер.

1997 година го имаше дебито во националниот дрес, меѓутоа беше во сенка на одличните Оливер Кан и Јенс Леман. Сепак, во 2008 година ги дочека своите „пет минути“, бидејќи стана прв голман на Германија. Меѓутоа, повредите и бактериските инфекции станаа чести, па тој отсуствуваше долго од теренот.

Успеа да се врати, бранеше одлично и беше фаворит да го носи бројот 1 на Мундијалот во 2010 година. Меѓутоа, судбината сакаше тој да го заврши својот живот на 10 ноември 2009 година, откако изврши самоубиство така што се фрли под воз.

Се веруваше дека на тој потег го натерало тоа што во 2006 година остана без 2-годишната ќерка, а тој ги остави својата сопруга Тереза и посвоената ќерка Лејла.

Инаку, последен пат на голот застана на само 2 денови пред смртта, на 8 ноември, кога го спаси Хановер од пораз од ХСВ.

Тој одигра вкупно 8 натпревари за Германија.

Смртта на Роберт Енке ќе остане запаметена како една од најтажните животни приказни и судбини не само во БЛ, туку и во светскиот фудбалот. Во негова чест е создадена фондација чија цел е грижа за психичкото здравје на фудбалерите.

https://youtu.be/2f8GU21AKcY