„Не бевме подготвени за Вотфорд“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Венгер го одработи вториот натпревар од суспензијата во кој неговиот тим беше поразен од Вотфорд на домашен терен.

„Не бевме психички подготвени за Вотфорд. Немавме среќа при првиот гол.“

Како главна причина ја посочи агресивноста која ја немаше во дуелите.

„Изгубивме многу дуели. Тоа не е нормално кога играте на домашен терен. Сите противници во ПЛ се силни и 90% не се доволни.“

Со овој пораз Арсенал е на делба на 2-то место со Тотенхем и има негатива од 9 бодови зад Челси.