„Не го превземам ПСЖ“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Италијанскиот тренер, Роберто Манчини демантираше дека ќе стане тренер на ПСЖ.

Позицијата на Унаи Емери на клупата на ПСЖ не е стабилна поради лошите резултати во Лига 1.

Со недели се шпекулира дека Емери ќе добие отказ, кој летово го превзема тимот од Париз, а Манчини е само едно од имињата кое се споменува.

„Не планирав пат во Париз.“

Манчини е без ангажман од август кога доби отказ од Интер.

Беше тренер уште и на Сити, Фиорентина, Лацио и Галатасарај.