„Не доаѓам по одмазда!“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Јунајтед гостуваат кај Челси во понеделник во рамки на ¼-финалето на ФА купот.

Тоа ќе биде првиот дуел на Мурињо против Челси од октомври минатата година кога Челси победи со 4:0, а Конте го изнервира Мурињо затоа што го прослави 4-от гол на својот тим со тоа што ја крена публиката на нозе.

Мурињо пред натпреварот рече дека не доаѓа по одмазда.

„Не сакам одмазда. Не сакам ништо лошо или погрешно. Мислам дека ќе има позитивни работи, како на пример средбата на Стокер во тунелот пред и по натпреварот. Тој ми е близок пријател. Ако овој натпревар е различен, тогаш тој е различен на позитивен начин.“

Да потсетиме, Челси и Јунајтед играат во понеделник од 20:45.