Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Тотенхем, Хари Кејн сака до крајот на кариерата да остане во Тотенхем.
23-годишниот напаѓач постигна 80 голови за 149 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања.
Го сакаат навивачите, управата, соиграчите, сите тренери кои ќе дојдат, а и тој има голема почит кон клубот.
„Мене ми е најважно да оди клубот натпред. Имаме млад и квалитетен состав, фантастичен менаџер, нов стадион кој доаѓа и подобар тренинг центар.“
„Се напредува и сакам да бидам дел од клубот уште долго. Се обидувам само да освојам трофеи. Секој ден со насмевка одам на работа. Парите се само бонус со кој ве наградуваат, но тоа не може секогаш да ве направи среќен.“
Оваа сезона Кејн постигна 14 голови на 19 натпревари во ПЛ, а додаде и 3 асситенции.