„Не е крај на светот, пред нас има уште предизвици!“

Возачот на Мерцедес, Хамилтон изјави дека не може да биде задоволен од резултатот на ГН Русија, односно дека очекува уште подобри трки во иднина.

Тој во Сочи го освои 4-то место и моментално е втор во генералниот пласман со 73 бодови. Фетел е прв со 86 бодови.

„Дефинитивно чуден викенд за мене, но не е крај на светот и не треба да прогласуваме крај на светот. Не можам целосно да објаснам, но работиме на многу работи во моментов. Ниту нас не ни е јасно што се случи во Русија. Ќе поработиме за да биде се во ред во Барселона.“

Хамилтон досега стигна до една победа, две втори места и едно 4-то место.