До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам најдобрите денови во својата кариера ги помина во Манчестер Јунајтед и не крие дека сака и денес да ги гледа нивните натпревари.
Бекам го напушти Јунајтед во 2003 година и ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, а исто така има играно и за Милан и ПСЖ.
Популарниот Бекам за англиските медиуми кажа дека не може да поверува дека чилеанската ѕвезда Алексис Санчез пристигнала во редовите на „црвените ѓаволи“.
„Се` уште не можам да верувам дека Алексис пристигна во Јунајтед. Кога сте дел од голем клуб како Арсенал и кога ќе одлучите да одите во најголемиот клуб, тоа е неверојатно. Се реши за неколку денови и изненади многумина. Му посакувам многу среќа“, вели Дејвид Бекам.








