„Не можам да го обвинувам Спалети ако замине“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лучијано Спалети беше остро критикуван од страна на италијанските медиуми.

Причина беше фактот дека не го воведе во игра Тоти против Милан, иако дури навивачите на Милан го бараа во игра, за да го видат последен пат на дело.

По натпреварот новинарите го критикуваа Спалети, а тој изјави дека жали што дошол во Рома.

Во негова одбрана застана претседателот на клубот, Палота.

„Беше преубаво да се види дочекот за Тоти во Милан. Сепак, тимот е секогаш пред се. Тренерот донесе добра одлука. Да го воведеше на 5-6 минути, луѓето ќе речеа дека тоа е непочит. По се, не можам да го обвинам ако одлучи да замине.“

„Ќе почекаме до крајот на сезоната, затоа што имам и јас многу да кажам.“

На три кола пред крајот Рома е втора на табелата, а со Наполи води битка за директен пласман во ЛШ.