Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Реал Мадрид Тони Крос призна дека не мпже да замисли за повторно да настапува за Баерн од Минхен, како и дека сигурно нема повторно да игра во Германија.
„Сигурно е дека повеќе нема да играм во Бундеслигата, тоа е за мене готово поглавје. Не можам да замислам враќање во Баерн, тоа нема да се случи, а нема ни некои други опции за мене во Германија“, рече Крос.
Германскиот репрезентативец има договор со кралскиот клуб до 2022 година.
„Не можам да кажам што ќе се случи во пет години, а цел е да останам во Реал“, порача Крос.
Овој 27-годишен играч за врска после игрчката кариера не се гледа како тренер.
“Не затоа што мислам дека тоа не е забавно, веќе тоа одзема повеќе време отколку како што сте играч“, заклучи германскиот репрезентативец.
Крос се наврати на на големиот број на натпревари во сезоната.
“Единствен проблем во долгата сезона е бројот на натпревари. Секој ден во неделата се игра фудбал, тоа е премногу. На крајот квалитетот пати“, заклучи Крос.