Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Димитри Паје не сака да настапува повеќе за Вест Хем. Оваа вест ја потврди Славен Билиќ.
„Зборувавме дека не сакам да ги продавам најдобрите фудбалери, но Паје не сака да игра за нас. Не сакаме да го продадеме, зборував со претседателот, парите не се проблем. Му понудивме и договор, бидејќи го сакаме во својот тим.“
Сепак, Паје нема намера да остане. Тој не е задоволен со игрите на својот тим оваа сезона и сака да замине.
Неколку екипи се споменуваа како можни дестинации за клубот, а во последно време најмногу се споменуваше Марсеј. Исто така, тој се поврзуваше со Реал Мадрид и ПСЖ.
Паје стана член на Вест Хем во 2015 година, а стигна за 15 милиони евра.