Не само што заминува од Арсенал, туку веќе е познат новиот клуб на Санчез?

Алексис Санчез најверојатно ќе го напушти Арсенал во летниот преоден рок.

Првата ѕвезда на Арсенал пред натпреварот против Ливерпул замина од тренингот по караницата со соиграчите, а наводно сака да замине од тимот.

По се изгледа дека тој ќе замине во ПСЖ.

Тимот од Париз наводно му понудил на Санчез плата од 300.000 фунти неделно и тоа за 28-годишниот играч е интересна сума.

Оваа сезона Алексис одигра 35 натпревари за Арсенал, а постигна 20 голови и 17 асистенции.