Неверојатна статистика: Рамос има подобар ефект од некои врвни напаѓачи!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигнал вкупно 16 голови во сите натпреварувања, па така има подобар ефект од некои врвни напаѓачи.

Рамос можеби е фудбалер, кој многумина не го сакаат, но големиот талент не може никој да му го оспори.

Шпанецот беше прогласен за најдобар стопер во минатата година, а во последните години се покажа и како одличен голгетер.

Овој 32-годишен фудбалер сезонава немаше проблем со постигнување голови, па постигна вкупно 16 во сите натпреварувања.

Рамос е многу подобар од некои врвни напаѓачи, а во продолжение може да ја прочитате целосната листа.

Листата е следна: Мауро Икарди 16, Герет Бејл 16, Един Џеко 15, Маркус Рашфорд 15, Робин ван Перси 14, Осман Дембеле 14, Пол Погба 14, Дрис Мертенс 13, Ентони Марсијал 11…