Неверојатни спомени на Руд Гулит – Изгледав како порно глумец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Меси  го штитат судиите, на Марадона сите сакаа да му ги скршат нозете.“, започна легендарниот фудбалер.

Ако на крајот на 80-те и почетокот на 90-те сте следеле фудбал морало барем еднаш да зборувате за Гулит. Едноставно, тој беше таква појава. Со таа фризура. Две децении по пензионирањето, тој кај Фабио во емисија се сети на најинтересните моменти од тие денови.

А просто логично е да тргнеме од тој препознатлив имиџ…

„Не сакам да гледам стари фотографии. Со тие бркови изгледав како порно глумец. Одвратно! Многу е подобро сега.“

Па да продолжиме во ист ритам. Во фокус на архитектот од една од најдобрите екипи во историјата на фудбалската игра – Ариго Саки.

„Тој не зборуваше англиски, јас не знаев веднаш италијански, па комуникацијата на почетокот беше комплицирана. Всушност, неговиот англиски беше полош од мојот италијански. Бевме ограничени на гестикулации. Тој ми покажуваше со рака каде треба да играм.“

„Еднаш сакаше да ми објасни како да излажирам потег, па го истегна вратот и еден месец беше на терапија.“

Не беше тоа единствена анегдота.

„Беше фанатик. Секогаш се дереше. Цело време. Па набрзо го изгуби гласот. И потоа си купи мегафон и додека викаше во мегафонот беше се поиритирачки. Го мразев и тоа што имаше навика да зборува со играчите ноќ пред натпреварите, па затоа се правевме дека спиеме во 11 навечер.“

За уште една легенда од Италија зборуваше Гулит, а тоа беше Марадона.

„Не беше само одличен играч, туку и лидер. Можеше да добие натпревар, како што го направи тоа на СП. Беше добар човек, негов проблем беше тоа што сакаше сите да го сакаат, па знаеше импулсивно да реагира, иако во срцето беше добар. Сега кога го гледам Меси..“

„Тој е голем играч, но го штитат правилата, камерите, судиите.. Меси може да дрибла, Диего мораше и да скока, бидејќи сите сакаа да му ги скршат нозете.“

Не се тоа години кого некого го штедеа во Серија А. Па ниту Гулит.

„Мојот трик беше веднаш да станам. Да го заплашам противникот. Стануваш веднаш, го погледнуваш во очи и тогаш се запрашуваат како не се повредил. И така ми се плашеа сите. Но најлош беше Рајкард. Прв пат не ти вели ништо, но секогаш се одмаздуваше. Не веднаш, ама после некое време си го наплатуваше долгот.“

Без оглед на се, Гулит ја обожава Италија.

„Беше тоа нов свет за мене. Се беше поинаку. Веднаш почнав да го учам јазикот како би можел подобро да разбирам. Италијанскиот јазик е еден од најубавите во светот. Генерално, во Италија научив да ја почитувам убавината на животот. Бидејќи Италијанците сакаат се што е убаво: жени, автомобили, храна, мода…“

За крај…

„Секогаш зборував дека не треба да се каеш за одлуките кои си ги донел во животот. Треба да живееш со полни гради. И мислам дека јас успеав. Преубава авантура.“