Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот стручнак Антонио Конте денеска за англиските медиуми потврди дека неколку играчи на крајот на сезоната сигурно ќе го напуштат Челси.
Менаџерот на Сините потврди денеска дека ќе има заминување од клубот на крајот на сезоната, а едне играч кој ќе го напушти Стенфорд Бриџ и младиот напаѓач Доминик Соланке.
Италијанскиот стручнак проба да го увери овој 19-годишен фудбалер да остане во Челси, но не успеа.
„Соланке е сеуште играч на Челси, не сум сигурен дека така ќе биде на крајот на оваа сезона. Негова желба е да го напушти Челси иако пробав да го уверам да остане. Тој сака да игра многу повеќе во првата екипа, но тоа не можам да му го осигурам“, рече Конте.
Конте изјави дека се надева дека Соланке ќе се предомисли до крајот на сезоната, но призна дека се мали шансите за тоа да се случи. Англиските медиуми наведуваат дека Соланке веќе доби понуда која не може да се одбие, и речиси сигурно од наредната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул.