Незадоволен е во клубот – Играч на Лестер бара раскинување на договорот

Напаѓачот на Лестер Сити, Леонардо Улоа побара раскин на договорот со актуелниот шампион на Англија.

Овој напаѓач оваа сезона не играше премногу покрај Варди, Слимани и Оказаки, па тој не ја гледа иднината во овој тим.

Улоа има договор со Лестер уште 18 месеци, а не се знае како ќе реагира клубот на неговото барања.

Според медиумите, Улоа има понуда од Алавес и сака да се врати во Шпанија, каде што има играно за Кастелон и Алмерија.

Овој 30-годишен фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревари, но само еднаш беше стартер, а летово имаше понуда од Свонси која беше одбиена.