Нема да го видиме Роналдо во Скопје !?

„Марка“, весникот близок до Реал Мадрид во денешното издание излезе со сторија дека еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо нема да настапи на УЕФА Суперкупот во Скопје.

Роналдо е дел од репрезентацијата на Португалија за претстојниот Куп на Конфедерации и доколку со репрезентацијата стигнат до финишот на натпреварувањето речиси е сигурно дека ќе го пропушти дуелот против неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед.

Купот на Конфедерации своето финале го има на 2 јули, а доколку Португалија биде дел од него Роналдо ќе отсуствува на натпреварите против Барселона во Мајами и против Јунајтед во Скопје.

Сепак, постои можност Роналдо да допатува во Скопје доколку репрезентацијата на Португалија порано од очекувањата го заврши настапот на Купот на Конфедерации.