„Нема многу да купуваме во лето!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека тој клуб нема да биде активен премногу во летниот преоден рок.

Сепак, тој навести дека во Манчестер би можело да дојде до неколку засилувања.

Минатото лето Јунајтед го сруши светскиот рекорд со трансферот на Пол Погба.

„Сега имаме избалансиран тим и мислам дека нема да бидеме премногу активни во текот на преодниот рок.“

Јунајтед не успева да го најде вистинскиот ритам од заминувањето на Фергусон, но Мурињо верува во својот тим.

„Знам дека мојот тим има потенцијал, да имаме добри играчи, многу од нив се во најдобри години. Подобро ќе донесам 3-4 добри играчи кои можат да го подобрат тимот, отколку поголем број просечни. Нема многу ниту да продаваме. Стабилни сме, поради тоа мислам дека нема да бидеме премногу активни во лето.“