„Нероаѕурите“ денес претставуваат играч, а во четврток уште едно засилување?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лисандро Лопез пристигна  во Милан, а овој аргентински стопер во наредните часови треба да биде претставен како ново засилување на Интер.

Интер го засилува својот тим во зимскиот преоден рок, без оглед на тоа што немаат голем буџет за нови засилувања.

Сепак, ако оди се по планот, Интер денес ќе го претстави Лопез кој пристигнува од Бенфика на позајмица и ќе ги чини само 500.000 евра, а во четврток треба да пристигне поранешниот фудбалер на Челси, Рамирес.

Се очекува тој да пристигне во четврток на позајмица од Сунинг и со тоа Интер ќе комплетира дел од планираните засилувања.