Несекојдневна ситуација во Италија: Навивачите на Џенова ги враќаат билетите поради Роналдо!

Јувентус денеска во рамки на италијанското првенство гостува кај Џенова, каде што ќе бара нова победа, со која ќе биде уште поблиску до освојување на титулата.

Секако, разочарувањето кај домаќините е големо, зашто сите сакаат да го видат еден од најдобрите фудбалери во светот, но тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри реши да го одмори Кристијано Роналдо.

Причината се репрезентативните обврски, а тоа предизвика жестока реакција од домашните навивачи, кои билетите ги купиле за да го видат Роналдо на дело.

Италијанските медиуми известуваат дека дел од навивачите сакаат да ги вратат билетите и да си ги добијат назад парите, зашто сметаат дека се измамени, иако секој тренер има право да одмори фудбалер.

Секако, разочарувањето е очекувано, но што ќе се случи и дали ќе им бидат прифатени назад билетите останува да видиме.