Нејмар направи шоу, Ричарлисон имаше деби од соништата (ВИДЕО)

Бразилците направија „петарда“ против Салвадор, додека Аргентина ниту без Лионел Меси не успеа да победи.

Нејмар го отвори резултатот против ривалот од пенал по само пет минути, а потоа Ричарлисон стрелаше двапати. А својата шанса за погодок ја искористија и Филипе Кутињо и Маркињос.

Ова беше ноќ на Нејмар, кој имаше и три асистенции, освен голот, па доминираше на теренот и тоа е добар знак за ПСЖ.