„Нианг навистина ми е жал“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерите на Милан во недела на „Сан Сиро“ го победиј Кротоне. Лападула го постигна голот за победа на Милан.

Тој во самиот финиш од натпреварот постигна гол против Кротоне за нови три бодови за Милан. Сепак, овој натпревар го одбележа неговата караница со Нианг која се случи на средината на второто полувреме.

Лападула се избори за пенал кој сакаше да го изведе, но Нианг не му дозволи. Тој ја превзема одговорноста и го изведе пеналот, но голманот успеа да одбрани.

По натпреварот се огласи Лападула кој изјави дека сака да му се извини на Нианг.

„Кога бев во Пескара не сакав да шутирам пенали. Овој пат сакав да постигнам гол и сакав да шутирам пенал. Сакам да му кажам на Нианг дека ми е жал затоа што влеговме во конфликт.“