„Никогаш не би испратил СВ на Барса, освен на Денот на Сите Светци“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во современиот фудбал многу тренери сонуваат работа на клупата како Реал Мадрид, Барселона или Манчестер Јунајтед, но постојат и тие кои ќе одбијат некои од тие работи.

Еден од тие е некогашниот тренер на Севиља и фудбалер на Реал Мадрид Мичел кој поради верност кон Кралскиот тим никогаш не би ја тренирал Барселона.

Мичел освои шест пати Ла Лига со Реал како фудбалер пред да го преземе нивниот Б тим што му беше и прва тренерска работа.

Подоцна ги тренираше Севиља, Олимпијакос и Марсеј.

„Никогаш не би испратил СВ на Барселона освен за Денот на Сите Светци“, се пошегува Мичел па продолжи:

„Тоа не би било добро ни за едната страна“ порача тој.

Исто така, го искоментира и заминувањето на Иван Ракитиќ од Севиља во Барселона и порача дека Барселона е вистинското место за хрватскиот играч за врска.

„Мислам дека Рактиќ ќе остане во Барселона и дека нема да направи грешка. Ракитиќ е фантастичен 12-ти играч, бидејќи ако вас ви недостасува било кој, тој може да игра различни позиции. Разговарав со Енрике кога Ракитиќ стигна во Барса, беше тоа големо засилување за нив“, порача Мичел.