Нов погодок на Аврамовски во дресот на Олимпија

Македонскиот младински репрезентативец, Даниел Аврамовски постигна нов погодок во дресот на Олимпија.

Аврамовски постигна погодок во убедливата победа на Олимпија против Ролтек ДОБ, 7:0. Македонскиот репрезентативец постигна погодок во 42-ра минута за водство од 2:0. Исто така на натпреварот запиша и две асистенции.

Даниел Аврамовски пред неколку дена постигна погодок и против Загреб.