Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Аргентина заедно со Германија и Шпанија беа најголемо разочарување на Мундијалот во Русија.
Цехот во Аргентинската репрезентација го плати селекторот Сампаоли, а сега одговорноста е на Сојузот, бидејќи не смее да се повтори ваква грешка.
Се шпекулира за можно ангажирање на Пеп Гвардиола, но има и други опции, кои изгледаат пореални.
Најновите информации говорат дека Аргентинците го сакаат искусниот Хосе Пекерман, селекторот на Колумбија, но роден Аргентинец, на кого договорот со Колумбија му истекува сега во Август.
Аргентинците сакаат тоа да го искористат.
Ова би било враќање на Пекерман на кормилото на Аргентина. Тој беше селектор од 2004. до 2006., а на клупата на Колумбија е веќе шест години.