Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома на домашен терен го победија Милан во дербито од 16-то коло во Серија А.
Рома успеа да победи со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Наинголан.
Лоша вест за Спалети беше повредата на Бруно Перес кој мораше да го напушти теренот при крајот на првиот дел.
Перес неодамна се врати од повреда, но повторно се повреди сега.
Ова се многу лоши вести за Рома која има проблеми со играчите кои играат на позицијата на десен бек.
По Алесандро Флоренци сега останаа и без Перес. Него на оваа позиција најверојатно ќе го замени Антонио Рудигер.