Новиот „ѓавол“ тврди дека добил совети од Анри, но легендата вели дека Санчез ЛАЖЕ!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Легендата на Арсенал, Анри демантираше дека разговарал со Санчез пред заминувањето во Манчестер Јунајтед.

Санчез од понеделникот е нов играч на Јунајтед, а при простување од навивачите на Арсенал, кажа дека разговарал со Анри.

„Се сеќавам на разговорот кој го имам со Анри и тој го напушти Арсенал и го смени клубот од иста причина како јас“, напиша Санчез.

Таа причина се титулите, а Анри подоцна во Барселона ја освои Примера и ЛШ, меѓутоа Французинот тврди дека не му дал никакви совети на Санчез.

„Во ниту еден момент не сум му рекол на Алексис да го напушти Арсенал. Немав претстава дека ќе замине во Манчестер Јунајтед, се додека не ја видов таа вест во медиумите“, тврди Анри.