Ново интересно правило кое дополнително ќе ги мотивира пилотите се воведува во Формлуа 1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челниците на Формула 1 се подготвени да го прифатат предлогот од оваа сезона, која ќе започне следниот викенд со трката во Австралија, да се додели еден бод на возачот кој ќе го има најбрзиот круг на трката.

Предлогот стигна како резултат од анкетата спроведена меѓу љубителите на овој спорт, а истиот е прифатлив и за челните лица на Ф1, како и за тимовите и самите возачи.

Ќе постои и услов да се добие тој дополнителен бод, односно возачот кој ќе го извози најбрзиот круг на патеката ќе мора да има освоени и бодови на трката што значи да заврши меѓу првите десет.