Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели во самиот финиш од преодниот рок ја засили Ница.
Балотели после неуспешната епизода во Ливерпул се одлучи да ја прифати понудата од Ница во надеж дека својата кариера повторно ќе ја „оживее“, а во францускиот прволигаш неделно ќе заработува 85 000 евра.
„Одлуката да дојдам во Ница е исклучително фудбалска. Имаше и други клубови, вклучувајќи ги и тие врвните, но треба да играм. Ми се допаѓа овој проект и мило ми е што тренерот верува во мене“, рече Балотели, и додаде:
„Ница не се коцка со моето доведување. Имав некои проблеми, но факт е дека мојата кариера не е она што секогаш се пишува за мене. Јас треба само да играм“, додаде италијанскиот напаѓач.
Многубројни прашања се однесуваа и на животот на Балотели.
„Ноќен живот и клубови? За тоа повеќе не сакам да слушнам“,
На крајот истакна дека нема намера да се враќа во Италија.
„Ги нема тие услови под кои би се вратил во Италија. Зошто? Знаете зошто? Враќање во Милан? Сакам само да се заблагодарам на играчите, навивачите… Но да го заборавиме останатото. Сега сум концетриран на Ница и се надевам дека пред нив е успешна година. Тоа е се“, тоа се зборовите на Балотели.