Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судејќи според се хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ ќе го напушти Интер во наредните денови и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Арсенал.
Перишиќ синоќа не настапи во мечот против Торино, бидејќи одбил да игра, поради тоа што клубот не сака да го пушти во Арсенал. Меѓутоа, се чини дека на челниците на Интер им станало јасно дека е подобро да заработат пари на Перишиќ отколку тој да седи на трибините до крајот на оваа сезона.
Хрватот веројатно ќе оди на позајмица во Арсенал до крајот на сезоната за три милиони евра, а потоа лондонскиот клуб ќе доплати додатни 35 милиони евра за да го откупат неговиот договор. Англиските медиуми шпекулираат дека Перишиќ веќе се договорил со Арсенал и само се чека официјална понуда.
Дека нешто се „готви“ покажа и напаѓачот на Арсенал, Обамејанг со занимлив лајк на Инстаграм. На Обамејанг му се допадна објавата дека Перишиќ побарал трансфер во Арсенал, а многумина сметаат дека ова е потврда за продолжување на кариерата на Перишиќ на Емирати