Ова 16-годишно дете може да игра во првиот тим на Ливерпул


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Читавме многу блогови на новинари кои го следат Ливерпул, ова момче може да биде следна „голема работа“ на оваа екипа!

Момчето по име Глен Меколи може да биде големо откритие на Ливерпул во наредните сезони.

Се работи за дете кое има само 16 години и кој веќе сега покажува дека комотно може да игра за првиот тим во некој просечен клуб во Чемпионшип или во Лига еден

Во оваа сезона за Ливерпул до 18 години постигна 13 голови, а тие кои ги гледале натпреварите на Ливерпул У23 добро се запознаени со неговите квалитети, се зборува за тоа дека тој е следната голема работа на Јирген Клоп и Ливерпул.

Ирецот, засега, воодушевува, но пред него е напорен пат до ѕвездите.

Поединци пишуваат дека со своите квалитети може и до крајот на оваа сезона да добие шанса да заигра за првиот тим.