Ова го има само во Италија – Може да игра за Лацио, но не и да влегува на стадионот!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Напаѓачот на Лацио, Мамаду Тункара доби жестока забрана од страна на ФС Италија поради тепачка со навиавчите.

Тункара се степа со навивачите на Лацио по поразот од Киево затоа што го навредуваше капитенот Биглија.

Овој 21-годишен играч го нокаутираше навивачот, а сега доби жестока казна.

Тој во наредната година нема да може да доаѓа на „Олимпико“ што значи дека нема да може да игра на домашните натпревар.

Дисциплинксата комисија не му забрани играње и доколку тренерот одлучи тој може да настапи само кога Лацио игра на гостински терен.

Медиумите пишуваат дека тоа сигурно значи дека Тункара ова лето ќе се најде на трансфер листата.