Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина веруваат дека Азар еден ден ќе заигра за кралскиот клуб иу се чини дека Флорентино Перез сака тоа да го оствари што поскоро. Азар со Плавите има договор до летото 2020., но од лондонскиот клуб се одлучни да ја продолжат соработката, бидејќи се свесни дека во тој случај би заработиле многу повеќе пари.
Азар и сам призна дека му е желба да заигра за Реал, а повторно излегоа шпекулации на виделина дека тоа може да се случи веќе во јануари. Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал веќе пратил понуда за Белгиецот која лондонскиот клуб тешко ќе ја одбие.
Наводно, Реап е спремен на Челси да им отстапи двајца играчи, а доколку се испостави дека овие информации се точни, тогаш Плавите навистина тешко ќе ја одбијат оваа понуда.
Се работи за Иско и Матео Ковачиќ кој веќе игра на позајмица во овој тим.
Така Ковачиќ автоматски ќе стане играч на Челси, а местото на Азар би го пополнил Иско. Примамлива понуда, сепак Челси го има последниот збор.