Одлично издание за Талески во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен бисер, Филип Талески се повеќе добива минутажа од тренерот на Рајн Некар Левен, Николај Јакобсен.

Германскиот претставник одигра одличен натпревар на гостувањето во Кристијанштад и забележа убедлива победа од 35:22.

Во вториот дел шанса за настап доби и Филип Талески кој целосно ја оправда довербата од тренерот на „Лавовите“. Нашиот репрезентативец имаше стопроцентен ефект постугнувајќи три голови од исто толку обиди.