Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
ФИФА утре на церемонијата во Цирих ќе го прогласи најдобриот фудбалер за 2016 година. Како и во изборот на „Франс Фудбал“, освојувач на титулата ќе биде Кристијано Роналдо.
По долго време ФИФА и „Франс Фудбал“ повторно посебно ќе даваат награди за најдобрите, а бидејќи „Златна топка“ се вика наградата на францускиот магазин, ФИФА се одлучи да различна награда.
Трофејот кој ќе го освои најдобриот фудбалер ќе се вика „Најдобар“.
Станува збор за сребрен трофеј кој утре ќе ја има својата премиера, а првиот човек кој ќе го добие ќе биде Роналдо.