ОФИЦИЈАЛНО: Уште еден довчерашен НБА играч си најде клуб во Кина

 

Уште еден играч се придружи на колонијата од НБА играчи во кинеската лига. Се работи за Тај Лоусон, поранешниот стартен плејмејкер на Денвер Нагетс и довчерашен член на Сакраменто Кингс.

 

Тој потпиша едногодишен договор со тимот на Шандонг Голден Старс и во новата сезона платата ќе му изнесува 2.4 милиони долари но има опција и да се зголеми до 3 милиони, во зависност од бонусите. Тој ќе му се приклучи на уште еден поранешен НБА играч, Донатас Мотиејунас, кој лани настапуваше за Њу Орлеанс Пеликанс.

 

Ова е веќе петти случај летово играч од НБА да потпише во најсилната кинеска лига откако претходно тоа го направија Брендон Џенингс, Донатас Мотиејунас, Теренс Џонс и Џеред Салинџер.