Официјално – Јувентус доведе уругваец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругвајскиот фудбалер потпиша договор до 2022-ра година.

Она што се знаеше доби и официјална потврда. Родриго Бентакур е нов фудбалер на старата дама. Тој потпиша договор до 2022-ра година. Овој уругваец игра во средниот ред, а цената на трансферот изнесува 9.5 милиони евра.

Бентакур ќе биде на располагање на новиот тим од 1-ви јули.

Тој е роден во 1997-ма година, а фудбалски се адаптира во Пењарол. Најдобро се снаоѓа на позицијата зад напаѓачот.

Италијанскиот шампион на тој начин ја заврши работата вредна 9.5 милиони евра, а тоа е 50% од услугите на Бентакур. Во игра се уште два милиони на име на бонуси. Овој фудбалер пристигна од Бока Јуниорс во полуфиналистот во ЛШ.